Tuesday, May 10, 2011

Здрава Храна

Овошје е средство преку кое растение во цут шири семе. Самото присуство на семе т.е., плод покажува дека составот е најверојатно овошје но семињата не секогаш потекнуваат од овошје. Зборот „овошје“ има поинакво значење во кулинарска смисла во споредба со ботаничка. Многу дефинирани ботанички овошја се третирани како зеленчук во готвењето бидејќи тие не се слатки како на пример, тиква, краставица, домат, грашок,грав, пченка, модар патлиџан и пиперка. Во кулинарска смисла, овошја се слатки растителни производи здружени со семиња, а зеленчук е секој солен или помалку сладок растителен производ. Оревите се класифицирани како овошен плод иако се многу поцврст и помрсенa производ.



Поимот зеленчук се однесува на јадлив дел од растение. Оваа дефиниција се темели на обичај, а не на научни сознанија. Таа е донекаде произволна и субјективна, бидејќи поединечните култури имаат разни обичаи на исхрана и приготвување.
Обично секое зелјесто растение или дел од растение кое редовно луѓето го консумираат како храна може да се нарече зеленчук. Меѓутоа печурките, иако членови на биолошко царство Габи, сепак се општоприфатени во малобродажбата како зеленчук.
Оревите, семките, житарките и билките и зачините обично не се сметаат за зеленчук, со исклучок на пченката, иако сите тие се делови од растенија.

Општо земено, готвачите го употребуваат зеленчукот за зелени јадења, иако постојат повеќе исклучоци како пита од ткива и колач од рамен. Некои зеленчуци како морковот, пиперките и целерот се јадат или живи или зготвени; додека други како компирот се јадат само зготвени.

1 comment: