Овошје е средство преку кое растение во цут шири семе. Самото присуство на семе т.е., плод покажува дека составот е најверојатно овошје но семињата не секогаш потекнуваат од овошје. Зборот „овошје“ има поинакво значење во кулинарска смисла во споредба со ботаничка. Многу дефинирани ботанички овошја се третирани како зеленчук во готвењето бидејќи тие не се слатки како на пример, тиква, краставица, домат, грашок,грав, пченка, модар патлиџан и пиперка. Во кулинарска смисла, овошја се слатки растителни производи здружени со семиња, а зеленчук е секој солен или помалку сладок растителен производ. Оревите се класифицирани како овошен плод иако се многу поцврст и помрсенa производ.
Поимот зеленчук се однесува на јадлив дел од растение. Оваа дефиниција се темели на обичај, а не на научни сознанија. Таа е донекаде произволна и субјективна, бидејќи поединечните култури имаат разни обичаи на исхрана и приготвување.
Обично секое зелјесто растение или дел од растение кое редовно луѓето го консумираат како храна може да се нарече зеленчук. Меѓутоа печурките, иако членови на биолошко царство Габи, сепак се општоприфатени во малобродажбата како зеленчук.
Оревите, семките, житарките и билките и зачините обично не се сметаат за зеленчук, со исклучок на пченката, иако сите тие се делови од растенија.
Општо земено, готвачите го употребуваат зеленчукот за зелени јадења, иако постојат повеќе исклучоци како пита од ткива и колач од рамен. Некои зеленчуци како морковот, пиперките и целерот се јадат или живи или зготвени; додека други како компирот се јадат само зготвени.
Здрава Храна
Tuesday, May 10, 2011
Wednesday, May 4, 2011
Овошје и Зеленчук:
Крушата е средноевропско овошје кое е второ по значење. најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Азија. Најпознати производители на круши се Италија, САД и Кина.
Јаболкото е средноевропско овошје кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Австралија. Тоа се одгледува на големи плантажи, при што се користи современа механизација. Најпознати видови јаболко се канадското, калифорниското, австралиското и јапонското. Најголеми производители на јаболко се Франција, Германија, САД, Кина, Австралија и др.
Праската е средноевропско овошје кое многу се употребува во исхраната на луѓето. Таа најмногу се употребува свежа, а во последно време се прават и голем број сокови од праска. Најголеми количестав праски се произведуваат во Европа, потоа во Северна Америка и Јужна Америка и на други места.
Сливата е средноевропско овошје кое се употребува како свежо или сушено. Со обработка на сливата се добиваат мармалади и сливова ракија. Сливата е најзастапена во Европа, Азија и Северна Америка.
Кајсија (латински: Prunus armeniaca) е традиционално овошје во нашиве простори. По Втората светска војна производството на кајсии во РМ
изнесуваше околу 2.700 тони. Во последната декада од социјалистичкиот период (1980–1990) површините под плантажни насади достигнаа до 900 хектари, а производството до 12.000 тони. Со приватизацијата и влошувањето на состојбата во општествениот сектор, насадите се напуштени, а производството нагло опадна. Последниве години статистиката регистрира 140.000 родни стебла кајсии, со производство меѓу 2.000 и 4.000 тони.
Краставицата е едногодишно зелјесто растение. Неговите плодови широко се употребуваат во човечката исхрана.
Доматот (латински Solanum lycopersicum) е едногодишно растение од семејството Solanaceae, слично на компирот. Се употребува за исхрана на луѓе и животни.
Subscribe to:
Comments (Atom)


